Дома Фудбал Мбапе под истрага на француската полиција!

Мбапе под истрага на француската полиција!

Француските власти отворија истрага против Килијан Мбапе поради сомнение за неправилни исплати!

Надлежното обвинителство започна истрага околу можните спорни исплати кои француската ѕвезда и член на Реал Мадрид ги извршил кон петмина полицајци задолжени за безбедноста на францускиот национален тим.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Истрагата е иницирана по дојава од единицата за борба против перењето пари, кои пријавиле дека постојат невообичаени финансиски трансакции во полза на полицајците.

„Истрагата е во тек. Поради сложената природа на финансиските трансакции, потребно е дополнително да се утврди дали се извршени какви било кривични дела“, изјавија од обвинителството.

Се тврди дека Мбапе исплатил нешто повеќе од 180 илјади евра „на црно“ за приватни услуги. Неговиот тим брзо излезе со соопштение во кое се наведува дека сè било направено согласно со правилата.

Тие додаваат дека Мбапе редовно ги донира своите бонуси кои ги добива за настапите во францускиот дрес, а истата постапка ја применил и по СП 2022, од кога средствата беа насочени кон хуманитарни организации и кон персоналот за безбедност што ја придружуваше репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Промена на правилата во Лигата на шампионите согласно УЕФА

УЕФА објави важна промена на правилата што би можела да ги спаси играчите кои клубовите ги…