Дома Фудбал Модриќ само што дојде во Милан и веднаш може да обезбеди засилување од Реал Мадрид?!

Модриќ само што дојде во Милан и веднаш може да обезбеди засилување од Реал Мадрид?!

Милан поактивно реагира на летниот трансфер пазар. Долго време бараат класичен напаѓач, а истовремено италијанскиот клуб работи на зајакнување на двете бековски позиции.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Посебно на левата страна има нови имиња кои се поврзуваат со клубот, а најблиску до облекување на црвено-црниот дрес е фудбалерот на Реал Мадрид, Фран Гарсија.

Според шпанскиот “АС”, во приказната е вклучен и неговиот поранешен соиграч, Лука Модриќ, и постојат изгледи тие двајца повторно да бидат во истата соблекувална.

Целта на Милан е да се зајакнат левата и десната бековска позиција за сума не над 30.000.000 евра, што од почеток ги ограничуваше нивните избори.

Првиот избор бил Арчи Браун од Гент, но Фенербахче ја надмина понудата на Милан од 9.000.000 евра. Така се отвори можноста за разговори со Реал Мадрид.

Фран Гарсија, кој беше постојан во сите шест натпревари на Светското клупско првенство и остави одличен впечаток, сега се соочува со предизвик. Пред него во Реал се Ферлан Менди и новиот Карерас, па трансфер во Милан може да изгледа како логична опција.

Милан наводно размислува и за Еквадорецот Перзис Еступињан од Брајтон, но Гарсија е много поверојатна опција, а вклученоста на Лука Модриќ е знак дека работа е веќе започната…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oбјавена платата на новата ѕвезда на Сити од 135 милиони евра, еве колку ќе заработува

Манчестер Сити се договори со Нотингем Форест за трансферот на Елиот Андерсон, кој достига…