Дома Фудбал „АС“: Модриќ кани ѕвезда на Реал Мадрид да потпише за Милан

„АС“: Модриќ кани ѕвезда на Реал Мадрид да потпише за Милан

Ситуацијата делува како да се враќаме во летото 2019, Реал Мадрид и Милан повторно се приближуваат околу трансферот на лев бек. Тогаш стануваше збор за Тео Хернандез, кој од Мадрид замина во Серија А за 20 милиони евра и потпиша на пет сезони, кои на крајот се продолжија на шест, пишува АС.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој пат во фокусот е Фран Гарсија, 25-годишен бек израснат во Реаловата академија, чија иднина на „Бернабеу“ повеќе не е сигурна по доаѓањето на Алваро Карерас. Како што дознава АС, Милан и агентот на Гарсиа, Гинес Карвахал, веќе воспоставиле прв контакт околу можната соработка, а сето тоа со поддршка на Лука Модриќ.

Тео Хернандез не ја заврши мадридската епизода на најдобар начин. Последната сезона му беше полна со осцилации, а разликите во финансиските очекувања доведоа до прекин на преговорите за продолжување. На крајот, тој замина во Саудиска Арабија, каде што го чека договор со Ал Хилал до 2028 година. Милан сега повторно бара ново решение на левата страна на одбраната, а Фран Гарсија се вклопува во таа потрага.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oбјавена платата на новата ѕвезда на Сити од 135 милиони евра, еве колку ќе заработува

Манчестер Сити се договори со Нотингем Форест за трансферот на Елиот Андерсон, кој достига…