Дома Фудбал Легендата за Модриќ: Во Италија може да игра и со цигара во устата

Легендата за Модриќ: Во Италија може да игра и со цигара во устата

Италијанските медиуми последниве неколку дена посветија големо внимание на доаѓањето на Лука Модриќ (39) во редовите на AC Милан, но еден италијански фудбалски ас особено се издвојува во пофалбите кон хрватскиот капитен, а тоа е Кристијан Бобо Виери (52).

“Тоа беше уникатна прилика. И јас би потпишал договор со него за една година, апсолутно”, изјави Виери, кој со 23 постигнати гола во 49 натпревари е деветти најдобар стрелец на италијанската репрезентација на сите времиња. Тој подвлекува дека искуството и класата што ги поседува Модриќ се непроценлив придобивка за секој тим.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


“Во Италија фудбалер со таква класа може да одигра 40 натпревари со цигара в уста”, изјави Виери за “Corriere della Sera”, еден од најчитаните италијански дневни весници. Модриќ во септември ќе го прослави својот 40-ти роденден, но Виери нагласува дека класата нема рок на траење и дека таа ќе дојде до израз во Серија А, бидејќи во италијанското првенство тактиката ја надвладува физичката сила.

Поранешниот голгетер на Јувентус, Лацио, Интер, Атлетико Мадрид и AC Милан, кој во италијанската Серија А постигна 142 гола, смета дека Модриќ не е само играчко засилување, туку ќе биде и светилник во соблекувалните на Розонерите. “Модриќ ќе им покаже на младите играчи најдобриот пат за да станат вистински фудбалери”, изјави Бобо Виери, додавајќи дека хрватскиот капитен е во состојба да го подигне професионализмот и менталната сила на целиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го засили голманското место со младинскиот репрезентативец на Италија

Освојувачот на Лигата на Шампионите, Пари Сен Жермен, го објави ангажманот преку слободен …