Дома Фудбал Манчестер Јунајтед и Милан се борат за бек!

Манчестер Јунајтед и Милан се борат за бек!

Борбата меѓу Манчестер Јунајтед и Милан за Персис Еступијан почнува да се вжештува, иако конкретни понуди сè уште нема.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата гиганти покажуваат сериозен интерес за 27-годишниот еквадорски репрезентативец кој од 2022 година е стандарден играч на Брајтон. Интересно е што Брајтон веќе ги отвори вратите за можен трансфер бидејќи неодамна го доведе Максиме Де Којпре од Клуб Бриз, со што си обезбеди замена на левата страна.

Еступијан влезе во последните две години од договорот со ‘Галебите’, а во три сезони одигра 104 натпревари и со својата игра привлече внимание на големите европски клубови.

Јунајтед и Милан ја гледаат како можност за квалитетно решение на позицијата лев бек, но прашање е кој ќе делува прв и колку далеку се подготвени да одат во преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните останаа без важен фудбалер пред натпреварот со Хрватска, Тухел повика замена

Англиската репрезентација се соочува со проблем со составот пред почетокот на Светското пр…