Дома Фудбал Ливерпул се активира и за Екитике

Ливерпул се активира и за Екитике

Од Ливерпул имаат воспоставено контакт со Ајнтрахт (Франкфурт) за можниот трансфер на напаѓачот Југо Екитике во составот на англискиот шампион, информира „Ди Атлетик“.

Вчера истиот извор информира дека тимот од Мерсисајд работи и на привлекувањето на нивната друга главна цел за оваа позиција, а тоа е голгетерот на Њукасл Александар Исак.

Уште поинтересно е што 23-годишниот Екитике е сакан и од „страките“, кои веќе испратија понуда за него во вредност од околу 80 милиони евра, но таа беше одбиена од Ајнтрахт.

Пред една година, Франкфуртците платија на Пари Сен Жермен 16,5 милиони евра за Французинот, кој минатата сезона се истакна со 22 гола и 12 асистенции на вкупно 48 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пројковска на европска задача: во Лондон ќе го води дуелот Арсенал – Бенфика

Ивана Пројковска е назначена за главна судијка на средбата од третото коло во женската Лиг…