Дома Фудбал Манчестер ја исполнува желбата на Аморим и тоа ќе го чини 80 милиони евра

Манчестер ја исполнува желбата на Аморим и тоа ќе го чини 80 милиони евра

Манчестер јунајтед заврши работа за која се зборува од почетокот на летото и договори уште едно скапо засилување. 

Од Брентфорд доаѓа камерунскиот крилен напаѓач Брајан Мбуемо (25), кој минатата сезона постигна 20 голови и девет асистенции во Премиер лигата. 

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Оваа информација ја објавија релевантни британски медиуми, па може да се каже дека работата е завршена. 

Преговорите за неговото доаѓање траеја еден месец, а Јунајтед ќе мора да плати оштета од дури 80.000.000 евра. 

Тоа се 6.000.000 евра повеќе од сумата што Јунајтед ја плати за бразилскиот напаѓач Матеуш Куња. 

Британските медиуми тврдат дека трансферот ќе биде завршен пред сабота, кога Манчестер оди на американска турнеја.

Камерунецот во Брентфорд пристигна од францускиот Троа во летото 2019 година и за него англискиот клуб плати 6.500.000 евра оштета. 

За пет сезони во Брентфорд постигна 70 голови и забележа 51 асистенција. 

Фото: Принтскрин 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Синот на Анчелоти дебитираше на клупата на бразилски гигант

Синот на прославениот Карло Анчелоти, Давиде, дебитираше на клупата на бразилскиот Ботафог…