Дома Фудбал От ПСЖ го информирале Јуве дека и други клубови прашуваат за Коло Муани

От ПСЖ го информирале Јуве дека и други клубови прашуваат за Коло Муани

Раководството на ПСЖ го информирало колегите од Јувентус дека треба да побрзаат ако сакаат трајно да го доведат Рандал Коло Муани, информира италијанскиот печат.

Се очекува двете страни да се сретнат наредните денови за да ги дискутираат можните параметри за трансферот. Од “Парк де Пренс” потврдиле дека неколку други клубови од Европа исто така се поврзале со паризаните и го изразиле својот интерес за играчот. Се смета дека тимови од Англија и Германија пројавуваат интерес за него.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Пари Сен Жермен потрошија околу 80 милиони евра за Коло Муани пред две години, кога го доведоа од Ајнтрахт Франкфурт, но со доаѓањето на Луис Енрике тој го загуби местото во клубот и во јануари беше испратен на позајмица во Јуве. Различни информации наведуваат дека сега од француската престолнина ќе бараат околу 45 милиони евра за да се разделат со играчот.

Во Јуве се надеваа дека ќе можат лесно да се разделат со Душан Влаховиќ, што би отворило повеќе слобода на трансфер пазарот и во графата плати, но српскиот напаѓач моментално одбива да ги напушти “бијанконерите”. Поради оваа причина, раководството на “старата дама” продолжува да разгледува различни опции, но сè уште не завршиле ниедна од очекуваните зделки за Франсиско Консесао, Џејдон Санчо и токму Коло Муани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул со 120 милиони фунти ќе ја „стресе“ Англија

Александар Исак повторно е во фокусот на трансфер пазарот, откако англиските медиуми објав…