Дома Фудбал Еве колку ќе заработува Модриќ во Милан

Еве колку ќе заработува Модриќ во Милан

Бројот 14 кој остана слободен по заминувањето на Тиџјани Рејндерс во Манчестер Сити, а некогаш во Милано го носеше и Дарио Шимиќ, сега ќе му припадне на Модриќ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Денот кој многумина фанови на фудбалот нетрпеливо го очекуваа конечно пристигна. Лука Модриќ одамна ги договори сите детали со Милан и денеска ќе се појави на „Сан Сиро“. Целаиот трансфер ќе се реализира денес. Денот во Италија го започна со строги медицински прегледи во клупските простории, а во наредните часови се очекува и да го потпише договорот./p>

Во Милано, Модриќ нема да го носи својот омилен број десет, туку повторно ќе го има бројот 14 на својот дрес, кој го имаше некое време во Динамо и во Тотенхем пред да почне да игра за хрватската репрезентација. Бројот 14 остана слободен по заминувањето на Тиџјани Рејндерс во Манчестер Сити, а некогаш во Милано го носеше и Дарио Шимиќ.

Според информации од италијанските медиуми, во Милано Модриќ ќе заработува околу 3,5 милиони евра годишно, што е значително помалку отколку во Реал, но парите никогаш не му биле главна мотивација, туку играњето на високо ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фердинанд: Го мразев Стивен Џерард

РИО ФЕРДИНАНД (47) откри дека го мразел Стивен Џерард (45) во времето кога играле заедно з…