Дома Останати Кошарка Јокиќ одби договор и предизвика „земјотрес“: Американски новинар откри каде ќе игра Србинот

Јокиќ одби договор и предизвика „земјотрес“: Американски новинар откри каде ќе игра Србинот

НБА инсајдер Сем Емик пишува дека Никола Јокиќ останува во Денвер Нагетс.

Никола Јокиќ не планира да го напушти Денвер Нагетс во скоро време, иако ова лето не го потпиша продолжението на договорот, пренесува инсајдерот Сем Емик.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Иако имаше право да потпише додаток на договорот ова лето, суперѕвездата на Нагетс одлучи да почека.

Меѓутоа, според зборовите на Емик, навивачите во Денвер немаат причина за паника.

“Нема никакви знаци дека Јокиќ сака да замине од Денвер во блиска иднина”, изјави Емик.

Постојат и финансиски причини поради кои Јокиќ моментално го одложува новиот договор. Ако почека до наредното лето, ќе има право на четиригодишно продолжување вредно над 290 милиони долари – многу повеќе од тригодишниот договор од 212 милиони што можеше да го потпише ова лето.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн на крстосница: Враќање во Кливленд или големо предавство во Лос Анџелес?

Иако го продолжи договорот со Лејкерси, Леброн Џејмс сепак би можел да ја промени срединат…