
Во Манчестер Јунајтед ја одредија цената на Маркус Рашфорд. Според шпанскиот весник AS „црвените ѓаволи“ бараат 48 милиони евра за напаѓачот.
Иако играчот не е во плановите на менаџерот Рубен Аморим, од „Олд Трафорд“ не се подготвени да се разделат со него за помала сума, додека моменталната цена според Transfermarkt изнесува 50 милиони евра.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во Барселона пак, се сè повеќе наклонети кон опцијата да го купат Рашфорд, откако се откажаа од Нико Вилијамс, а преговорите со Ливерпул за Луис Дијас заглавија.
Англичанецот, од своја страна, е спремен да игра за шпанските шампиони и веќе ги извести други заинтересирани клубови дека преферира да почека понуда од Барселона.