Дома Останати Тенис Ѓоковиќ јавно откри што се случи: Синер ми се извини…

Ѓоковиќ јавно откри што се случи: Синер ми се извини…

Новак Ѓоковиќ не успеа да добие шанса да се бори за 25-та гренд слем титула. Во полуфиналето загуби од Јаник Синер (6:3, 6:3, 6:4).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За жал, проблемите со повредата го спречија да го даде максимумот, не можеше добро да се движи ниту да го покаже тоа што знае и може. На крајот од мечот имаше и краток разговор на мрежата со Италијанецот, откри и за што станува збор.

Ми се извини бидејќи јас се чувствував лошо на мечот. Нема за што да се извинува навистина. Тој направи многу добра работа на мечот, а во последната година и пол игра најдобар тенис во светот. Ќе има шанса да ја освои првата титула на Вимблдон и му посакувам среќа. Ова ќе биде негово прво финале овде и сигурен сум дека ќе биде подготвен. По онаквото финале во Париз, сигурно сите со нетрпение го чекаат финалето. Дефинитивно се неколку нивоа над сите останати во моментот,” искрен е Ѓоковиќ.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…