
Српскиот репрезентативен голман Ѓорѓе Петровиќ си заминува од редовите на Челзи, но останува во англиската Премиер лига. Како што пренесува доверливиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, Петровиќ ќе ја продолжи кариерата во дресот на Борнмут.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според информациите на Фабрицио Романо, лондонскиот клуб ќе заработи 25 милиони фунти од овој трансфер, односно околу 29 милиони евра, што е сума на која „Сините“ беа подготвени да се согласат.
Петровиќ има само 25 години, а пристигна во Челзи во 2023 година. Сепак, не успеа да се избори за постојано место меѓу стативите – во дресот на лондонскиот клуб забележа само 23 настапи. Во меѓувреме беше испратен на позајмица во францускиот Стразбур.
Фото: Принтскрин