Дома Фудбал Милан отпиша тројца фудбалери – сите ќе се преселат во ист клуб!?

Милан отпиша тројца фудбалери – сите ќе се преселат во ист клуб!?

Болоња планира да донесе три играчи од Милан кои повеќе не се во плановите на тренерот Масимилијано Алегри. Како што јавуваат La Gazzetta dello Sport и Calciomercato, Болоња ги посакува Томазо Побега (25), Јасин Адли (24) и Ноа Окафор (25).

Побега претходната сезона веќе ја мина во Болоња на позајмица, со можност за откуп на договорот за 12 милиони евра. Сепак, клубот не ја искористи таа опција, очекувајќи подобра преговарачка позиција во ова лето. Сега Побега би можел да стане дел од поголем пакет со Адли и Окафор, двајца играчи кои исто така се вишок во Милан.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Адли минатата сезона беше позајмен на Фиорентина и доби јасна порака дека летово мора да си најде нов клуб. Швајцарскиот напаѓач Окафор се врати од Наполи, каде што помина шест месеци на позајмица, но речиси не заигра. За Окафор интерес покажаа турските великани Бешикташ и Фенербахче, но тие го сакаат на позајмица со опција за откуп, додека Милан бара директна продажба.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милевски го објави списокот за Летонија и Велс – го нема само Алиоски!

А репрезентацијата на Македонија ќе одигра два натпревари овој месец, контролен меч против…