Дома Фудбал Модриќ му кажал на Реал кој треба да биде неговиот наследник: Тој е генијалец

Модриќ му кажал на Реал кој треба да биде неговиот наследник: Тој е генијалец

Лука Модриќ го заврши поглавјето од неговата кариера во Реал Мадрид, кој го напушта како икона на клубот со најмногу (28) трофеи во неговата историја. Кариерата ќе ја продолжи во Милано, а пред да замине таму јасно даде до знаење кој според негово мислење треба да ја преземе улогата што години ја исполнуваше во тимот.

Пораката ја примиле и претседателот на клубот Флорентино Перез и новиот тренер Чаби Алонсо, кои според „Defensa Central“ сериозно ја прифатиле препораката на хрватската легенда.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Реал Мадрид остана без финале на Светското клупско првенство по поразот од ПСЖ, а натпреварот беше последниот што Модриќ го одигра во дресот на Реал. Како и минатото лето по заминувањето на Тони Крос, и прошталната сезона на Модриќ остава голема празнина во средината на теренот.

Тие двајца беа икони на светскиот фудбал и тешко е да се најдат нивните наследници. Но, Модриќ во прошталната порака јасно кажа кој треба да ја преземе неговата улога, истакнува шпанскиот портал кој ги следи случувањата во Реал.

„Тоа момче е генијалец, со малку среќа ќе стане легенда на овој клуб“, порача Модриќ во пораката до управата на клубот пред заминувањето во Милано, а изворот наведува дека таа изјава силно одекна во клубот.

Фото: Printsсkрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли се врати во клубот кој го напушти во 2019 година

Италијанскиот фудбалски стратег Стефано Пиоли официјално се враќа на чело на Фиорентина, о…