Дома Фудбал Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. Оваа легенда на германскиот фудбал не доби продолжување на договорот и откако ги одигра последните натпревари за клубот на Светското клупско првенство, сега размислува за следните чекори во неговата кариера.

Како што било споменувано и претходно, интерес за него покажаа клубови од MLS лигата, меѓу кои и Лос Анџелес. Парите не се главниот фактор за оваа одлука, иако доби поконкурентна понуда од САД.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Австрискиот гигант Рапид Виена е заинтересиран за услугите на Милер и му понудија договор вреден околу три милиони евра по сезона. Сè уште не е јасно колку би траел договорот, но близината на Виена до Германија прави оваа опција привлечна, бидејќи нема да му биде потребно многу време за адаптација на австриската култура.

Рапид Виена е клуб со голема историја, бидејќи не биле шампиони од 2008 година, а купот не го освоиле повеќе од три децении.

Тимот е носител на 32 титули, вклучувајќи и две од времето на германскиот Рајх. Минатата сезона ја завршија на петтото место и напролет ќе започнат од следната фаза на Конференциската лига. Првенството започнува на почетокот од август и во моментов се во потрага по нов напад по продажбата на шведскиот Јансон на Ница за седум милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул мора да продаде тројца фудбалер за да го купи најскапото засилување во нивната историја

Ливерпул продолжува да се поврзува со Александар Исак и може конечно да ги има клучевите з…