Дома Фудбал Ливерпул ќе игра натпревр против Престон – се ќе биде во знакот на Жота!

Ливерпул ќе игра натпревр против Престон – се ќе биде во знакот на Жота!

Трагичната смрт на Диого Жота го остави Ливерпул во состојба на шок. Почетокот на подготовките беше одложен за да им се овозможи на играчите да отпатуваат во Португалија и да го испратат својот пријател на последното патување. Веќе неколку дена навивачи, поранешни и сегашни играчи, како и членови на управата на клубот, му оддаваат почит на Жота и неговиот брат пред Енфилд. Така ќе биде и пред првиот подготвителен натпревар каде Редсите гостуваат во Престон.

Натпреварот меѓу Престон и Ливерпул беше под знак прашалник по случувањата, но сега е јасно дека мечот ќе се одигра, а познати се и деталите за тоа како двата клуба ќе му оддадат почит на Диого Жота и Андре Силва.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Натпреварот е закажан за 13 јули и ќе се одигра на стадионот Дипдејл, а како што беше планирано, нема да изостане ниту бесплатниот ТВ пренос. Дополнително, целокупната церемонија ќе се пренесува на живо преку каналите на Ливерпул на социјалните мрежи.

Дуелот ќе започне во 16 часот, а Престон ги замоли навивачите да бидат на своите места најдоцна до 15:45 часот за да може почитта за Жота и Силва да биде оддадена во тишина и навреме.

Објавено е дека Клаудија Роуз Мегваер, сопруга на поранешниот играч на Престон и голем навивач на Ливерпул, Шон Мегваер, ќе ја изведе песната ‘Can’t Help Falling In Love’, по што ќе биде интонирана химната на Ливерпул ‘You’ll Never Walk Alone’. Во тоа време, капитенот на Престон, Бен Ваитман, ќе положи венец пред делот од трибината каде ќе бидат сместени навивачите на Ливерпул.

На сите рекламни паноа околу стадионот ќе бидат поставени фотографии од Диого Жота и Андре Силва, а играчите на двата тима ќе носат црни траки.

Пред почетокот на дуелот ќе се одржи и минута молчење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул мора да продаде тројца фудбалер за да го купи најскапото засилување во нивната историја

Ливерпул продолжува да се поврзува со Александар Исак и може конечно да ги има клучевите з…