Дома Фудбал Решавачка средба за иднината на Тер Штеген

Решавачка средба за иднината на Тер Штеген

Следуваат решавачки часови за иднината на Марк-Андре тер Штеген во Барселона, информира “Спорт” на денешните страници.

Се очекува денес или утре спортскиот директор Деко и тренерот на тимот Ханзи Флик да имаат средба со голманот, на која ќе го информираат дека нема да сметаат на него во текот на претстојната сезона и дури дека веројатно нема да биде викан во тимот, освен во случај на повреда на новодојдениот Жоан Гарсија, кој треба да биде главен голман, и Војчех Шчесни.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Шефовите на каталонците се спремни да му понудат на голманот раскинување на договорот по взаемна согласност или опција да биде позајмен. Во Барса преферираниот избор е токму разделба, бидејќи на тој начин ќе се ослободи значителна сума која ќе биде достапна за плати на потенцијални нови засилувања.

Германецот од друга страна е длабоко разочаран од случувањата и однесувањето на луѓето во клубот, кое го смета за исклучително некоректно. Тер Штеген е уверен дека објавените не толку поволни информации за него во медиумите се намерни компромати од клубот, кои имаат цел да го натераат да си замине.

Покрај тоа Тер Штеген е навреден од тоа што не бил информиран од самиот почеток за одлуката да се донесе нов голман. Токму овие причини го натераа да стане сè поупорен во одлуката да остане на “Камп Ноу” барем до јануари и тогаш да бара нов клуб, во кој да игра шест месеци пред претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешниот португалскиот шампион исфрлен во петта лига!

Боависта, еден од само петте клуба кои некогаш ја освоиле португалската лига, е изваден во…