Дома Фудбал Наполи ги блокира преговорите со Галатасарај, трансферот на Осимен е на прагот на пропаѓање

Наполи ги блокира преговорите со Галатасарај, трансферот на Осимен е на прагот на пропаѓање

Сагата околу иднината на Виктор Осимен продолжува со нов пресврт. Според Џанлука ди Марцио и Николо Скира во моментот преговорите се блокирани од Наполи, затоа што управата на “партенопеите” не ги добила бараните гаранции дека Галатасарај може да плати 75 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Турскиот клуб предложи да ја плати клаузулата на рати во период од пет години, но во Неапол не се задоволни ниту од структурата на плаќањата, ниту дека немаат реални гаранции дека ќе ја добијат целата сума.

Самиот Осимен, кој веќе одбил понуда од Ал-Хилал, сака да остане во Галатасарај, каде што играше на заем минатата сезона. Тој дури одбил да започне претсезонски подготовки со Наполи. Напаѓачот веќе ги договорил личните услови со Галатасарај и е подготвен да потпише со тимот од Истанбул до 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер не завршува со Џонс како засилување, сакаат и крило на Арсенал!

Интер има за цел да остане на самото врв на Италија, но и напад на Лигата на шампионите, и…