
Марк Клатенбург гостуваше на подкастот „High Performance“ кадеш што сподели загрижувачка приказна.
Се случи во 2012 година, кога на неговиот телефон му пристигна известување со наслов:
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Објавата беше поврзана со Обина Микел, играчот на Челси, кој му упати обвинување за расизам. Полицијата се вклучи во случајот, кој се случи за време на натпревар против Манчестер Јунајтед. Додека траеше истрагата, Клатенбург не можеше да суди, но подоцна се откри дека обвинувањата биле неосновани. Процесот траеше еден месец.
“Ситуацијата со Обина Микел длабоко ме погоди, а влијаеше и на моето семејство. Ова беше најблизу што сум бил до самоубиство. Опцијата ’А’ беше самоубиство, а опцијата ’Б’ беше да престанам да судам. Не гледав начин да продолжам и не можев повеќе да се бавам со судење, што можев да направам?”, размислуваше Клатенбург.
“Ако бев расист, не би можел да најдам работа во нормалниот живот. Нема да ми се даде шанса во спортот. Мојот живот беше завршен. Чувствував дека нема излез. Моето семејство беше со мене, иако не беа целосно свесни за сè што се случуваше. Не разбираа сè што се случува во светот на фудбалот”, изјави тој.
Го прашаа и зошто не си го одземаше животот.
“Мојата ќерка. Моето дете, затоа што таа не го заслужуваше тоа. Беше мала. Јас ја донесов на овој свет, и мојата одговорност беше да бидам со неа. Имаше моменти кога тоа беше единственото што беше исправно. Да бев оставен сам, тоа ќе беше најлесната одлука на светот. Сепак, кога имате одговорности, тоа нè поттикнува да се бориме”, рече Клатенбург.
“Да немав силна волја, денеска не би бил овде”, додаде тој.