Дома Фудбал Причината не е онаа која ја објави полицијата: Сведок на несреќата во која загина Жота открива нови детали

Причината не е онаа која ја објави полицијата: Сведок на несреќата во која загина Жота открива нови детали

Шпанската полиција неодамна објавила дека главната причина за сериозната сообраќајна несреќа во која загинале фудбалерите Диого Жота и неговиот брат Андре Силва е неприлагодената брзина. Меѓутоа, „Марка“ сега го претставува сведоштвото на очевидци кои нудат друга перспектива.

Еден од оние кои веднаш пристигнале на местото на несреќата бил Жозе Алексо Дуарте, кој објаснува дека само пет минути пред трагедијата, браќата го претекнале возејќи со умерена брзина.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тој ги демантира полициските извештаи дека несреќата е предизвикана од преголема брзина и додава дека и друг сведок видел како Ламборџинито се лизга по патот кој бил во многу лоша состојба.

Од друга страна, возачот на камион Жозе Азеведо, кој тврди дека е автор на снимката од првите моменти на запалениот автомобил, изјавува дека се обидел да им помогне на загинатите браќа.

„Снимив дел од несреќата. Иако се трудев да помогнам, за жал не можев да направам ништо. Совеста ми е чиста. Знам што доживеав таа ноќ, бидејќи не знаев кој е во автомобилот. Изразувам искрено сочувство до семејството, а и давам збор дека не се движеле пребрзо. Кога ме претекнаа, го забележав моделот и бојата на автомобилот. Возеа многу смирено. Секојдневно патувам по тој пат, од понеделник до сабота и знам какви опасности може да има, но тие не возеа лудо. Иако беше ноќ, јасно видов сè. За жал, заврши со судир“, изјави Азеведо.

За потсетување, браќата ги изгубија животите во тешка сообраќајна несреќа на автопатот А-52, во шпанската покраина Замора, на нивната патувачка мисија кон Сантандер во зелениот Ламборџини Хуракан, кој излетал од патот и завршил во пламен.

За жал, не можеле да се спасат, бидејќи возилото изгорило на самото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…