Дома Фудбал Фотографии од Модриќ по мечот со ПСЖ кои нема да ги остават рамнодушни навивачите на Реал Мадрид

Фотографии од Модриќ по мечот со ПСЖ кои нема да ги остават рамнодушни навивачите на Реал Мадрид

ПСЖ синоќа го декласираше Реал Мадрид со 4:0 во полуфиналето од Светското клупско првенство, а по завршувањето на натпреварот, Лука Модриќ се најде во срцепарателни сцени во неговото последно излегување за Кралевите.

Се очекуваше натпреварот помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид да биде многу понапнат, но на крајот сè беше решено уште по 25 минути натпреварување.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Паризаните поведоа со 1:0 уште во шестата минута кога Фабијан Руиз го совлада Куртоа откако Асенсио направи неверојатна грешка.

Но, само три минути подоцна и Рудигер му подари топка на Дембеле, кој излезе сам пред голманот на Реал Мадрид и без проблем постигна гол за 2:0. До третиот гол ПСЖ стигна во 24. минута по фантастична акција, а вториот гол на натпреварот го постигна Руиз.

Конечниот удар европскиот првак го зададе на Кралевите во самиот финиш на натпреварот. На сцена стапи резервистот Рамос, кој на асистенција од Баркола го постави конечниот резултат 4:0.

Меѓутоа, главната тема по натпреварот во Њујорк беше хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, кој синоќа ја одигра последната утакмица во дресот на Реал Мадрид.

Порано беше потврдено дека Модриќ нема да го продолжи договорот и дека по овој турнир го напушта клубот по 13 години.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…