
Лука Модриќ и официјално е нов фудбалер на италијанскиот гигант – Милан. Хрватската фудбалска легенда им се приклучува на „росонерите“ како слободен агент по завршувањето на неговиот договор со Реал Мадрид, со кој испиша златна историја.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како што претходно беше најавено преку ексклузивна информација, трансферот е целосно комплетиран, а Модриќ веќе потпиша едногодишен договор со Милан, кој важи до јуни 2026 година. Официјалното приклучување во тимот е планирано за август, по неговото учество на Клупскиот светски куп.
Со ова, 38-годишниот плејмејкер става крај на една славна ера во дресот на Реал Мадрид, каде заминува како најтрофејниот играч во историјата на клубот.
Фото: Grok AI