
Поранешниот италијански фудбалер Џорџо Киелини стана косопственик на клубот Лос Анџелес, објави оваа американска екипа.
Киелини, кој 18 години беше одбранбен столб на Јувентус и легенда на тимот, од 2022 година настапуваше за Лос Анџелес, каде што се повлече во 2023. Исто така, минатата година беше тренер во развојниот тим на клубот.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
“Придружувањето на сопственичката група на Лос Анџелес за мене претставува огромна чест. Кога дојдов пред три години како играч, веднаш почувствував нешто посебно кон клубот. Тоа е амбициозна организација, изградена од извонредни луѓе и поддржана од заедницата која прави да се чувствувате како дома. Поради тоа минатата година искажав желба да станам сопственик и сега сум горд што можам да го поддржам проектот во кој искрено верувам”, изјави Киелини, се наведува во соопштението.
Киелини беше еден од најдобрите дефанзивци во светот во текот на неговата 23-годишна кариера.
Освои девет последователни титули во Серија А со Јувентус, како и титулата на Европското првенство во 2021 година со репрезентацијата на Италија.
Фото: LAFC/X