
Тотенхем започнува нова ера со Томас Франк на клупата по освојувањето на Лигата на Европа.
Во лондонскиот клуб амбициозно го започнаа трансферниот период, откако договорија трансфер на напаѓач што ќе ги чини 55 милиони фунти (околу 63 милиони евра).
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Станува збор за играчот на Вест Хем Мохамед Кудус, кој ќе потпише договор на 6 години со „Петлите“.
Минатата сезона постигна 5 гола во Премиер лигата, а во својата кариера играл уште за Ајакс и Нордсјеланд.
.🚨 ЈЕКСКЛУЗИВНО: Тотенхем достигна целосен договор со Вест Хем Јунајтед за потпис на Мохамед Кудус. Договорот за 24-годишниот напаѓач на #WHUFC вреди околу £55 милиони. Медицински преглед е закажан за четврток пред меѓународниот играч за Гана да се приклучи на #THFC со 6-годишен договор @TheAthleticFC https://t.co/eioDT7TZfX
— Давид Орнштајн (@David_Ornstein) 9 јули, 2025