Дома Фудбал Араухо го запре автомобилот пред навивачите и новинарите, па им откри дали останува во Барселона

Араухо го запре автомобилот пред навивачите и новинарите, па им откри дали останува во Барселона

Барселона наскоро ќе ги започне подготовките за новата сезона, а некои од фудбалерите веќе одлучија да ги скратат своите одмори за да бидат во што подобра форма на почетокот на подготовките.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најпрв тоа го направи новиот голман Хоан Гарсија, кој вчера се појави во тренинг-центарот на каталонскиот клуб, а денес тоа го стори и дефанзивецот Роналд Араухо.

Араухо е решен да биде во што подобра форма на почетокот на подготовките, бидејќи е свесен дека треба да се докаже пред Ханси Флик во жестоката конкуренција што постои во дефанзивата на Барселона.

Дополнителен проблем за Уругваецот е што се шпекулира дека Барса дури планира да го продаде ова лето со цел да ослободи простор за доведување на нови засилувања.

Араухо претходно не ги прекинуваше своите одмори поради подготовки, но очигледно дека сега и самиот разбрал дека неговиот статус во тимот е загрозен и ќе мора да ги искористи подготовките најдобро што може за да докаже дека заслужува место во Барселона.

Уругваецот денес направи интересен потег кога застана пред новинарите и навивачите на влезот во тренинг-центарот и даде одговор на прашањето што ги интересира сите.

“Дали ќе останеш во Барселона?”, го прашаа новинарите Араухо, а уругвајскиот играч немаше проблем да им одговори.

“Што се однесува до мене, да, останувам”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Големо изненадување: Реал Мадрид договори напаѓач за 25.000.000 евра!

Реал Мадрид постигна договор со Леванте за трансфер на напаѓачот Карлос Еспи (21), соопшти…