Дома Фудбал Важна измена во европските клупски турнири

Важна измена во европските клупски турнири

Дебитната сезона на Лигата на шампиони, Лига Европа и Лига на конференции во нивните нови формати со основна фаза со многу тимови и општо рангирање доведе до предлози за одредени корекции со цел да се направат турнирите уште поинтересни.

Една од нив веќе е факт, а се однесува на елиминацијската фаза. Поточно, за тоа кој тим ќе биде домаќин во реваншот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Досега ова се одредуваше преку жреб, но од УЕФА одлучија веќе да нема жреб за ова, за да се даде поголема значајност на основната фаза. Отсега натаму, предноста да се биде домаќин во реваншот ќе се извојува во рамките на лигашката фаза, во која секој тим игра еднаш против различни противници.

Веќе првите два тима во крајното рангирање по завршувањето на основната фаза ќе имаат предност да ги играат реваншите дома во секој круг до финалето. Тимовите што ќе завршат на 3-то и 4-то место, ќе бидат домаќини во реваншите од осминафиналето и четвртфиналето. Тие што ќе завршат меѓу 5-то и 8-мо место, ќе го играат реваншот дома во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aрсенал го претстави новото засилување од 12 милиони фунти – потпиша необично краток договор!

Сега веќе поранешниот капитен на Брентфорд, Кристијан Норогард, е најновото засилување за …