Дома Фудбал Анчелоти прогласен за виновен за затајување данок: Еве каква казна ќе добие!

Анчелоти прогласен за виновен за затајување данок: Еве каква казна ќе добие!

Карло Анчелоти, актуелниот селектор на фудбалската репрезентација на Бразил, е осуден на едногодишна затворска казна поради непријавени приходи од маркетинг права од времето кога во 2014 година го водеше Реал Мадрид.

Сепак, бидејќи делото не е насилно и Анчелоти досега не бил осудуван, според шпанското законодавство е многу веројатно дека тој нема да мора да одлежи затворска казна.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Најверојатно Анчелоти ќе избегне затвор и ќе мора да ги надомести даноците што ги избегнал да ги плати.

Италијанскиот стручњак моментално ја извршува функцијата селектор на Бразил, со кој обезбеди учество на Светското првенство во 2026 година. Со тоа Бразил си осигура место на сите досегашни светски првенства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси ги отпиша играчите за кои плати повеќе од 100 милиони евра

Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, потврди дека Рахим Стерлинг и Аксел Дисаси повеќе не се …