
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одби да потпише нов договор со Денвер Нагетс, известуваат американските медиуми.
Според информациите, Никола Јокиќ го известил Денвер дека ова лето не планира да потпише продолжување на договорот, иако се мислеше дека тоа ќе биде само формалност.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Овој потег сам по себе не значи дека тој испланирал заминување од клубот, но создаде дополнителна тензија и притисок врз клубот во годината што следува.
Да потсетиме дека Јокиќ е во Денвер од 2015 година и освои шампионска титула во НБА лигата, како и три титули на најкорисен играч (MVP), а Нагетс беа спремни да направат сè за да го задржат Србиновиќ во своите редови.
Причината зошто Јокиќ не сака да потпише нов договор е што, доколку почека до 2026 година, ќе може да потпише нов супермакс договор од дури 292 милиони долари, што е за 80 милиони повеќе од она што сега би можел да го добие.
Јокиќ имаше спектакуларна сезона и остваруваше 29,6 поени, 12,7 скокови и 9,9 асистенции по натпревар. Иако не освои трета титула на MVP, за многумина тој и понатаму останува најдобриот кошаркар во светот, но навивачите на Денвер се загрижени дека во следниот период би можел да премине во друг клуб.
Фото: Принтскрин