Дома Фудбал Oбјавините првите резултати од истрагата за смртта на Жота, се укажува на една причина

Oбјавините првите резултати од истрагата за смртта на Жота, се укажува на една причина

“)

Шпанската цивилна гарда објави дека истрагата за несреќата во која загинаа напаѓачот на Ливерпул Диого Жота и неговиот брат Андре Силва укажа дека причинител е “прекумерната брзина”.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во тековната истрага се анализираа траговите од возилото со кое Жота управувал, и се сугерира дека неконтролираната брзина била клучниот фактор.

“Сите досега направени тестови посочуваат дека возачот на запаленото возило бил Диого Жота, кој патувал со својот помлад брат Андре”, додаде Цивилната гарда.

Да потсетиме, двајцата португалски фудбалери загинаа во ноќта помеѓу 25 и 26 јуни при несреќа на автопатот во северозападниот дел на Шпанија, кога возилото излетало од патот и се запалило.

Диого Жота, кој се оженил со својата долгодишна партнерка и мајка на неговите три деца околу десет дена пред трагедијата, требал да отпатува за Ливерпул со траект од Сантандер на северот на Шпанија кога настанала несреќата.

Според медиумските извештаи, му било советувано да не лета поради неодамнешна операција на белите дробови, а погребот на двајцата браќа се одржа во саботата во Гондомар, близу Порто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флорентино Перез на филмски начин договорил спектакуларен трансфер

Флорентино Перез направи низа одлични зделки во Реал Мадрид. Донесе некои од најголемите ф…