
Реал Мадрид ова лето ќе направи вистинска „чистка“ во соблекувалната бидејќи веќе е познато на кои играчи Чаби Алонсо нема да смета. Еден од нив сакаат да се ослободат што е можно побрзо, што го покажува и цената што ја одреди Флорентино Перес за него.
Откако го презеде кормилото на Реал Мадрид, Чаби Алонсо одлучи да го искористи Светското клупско првенство за да донесе одлука кои играчи ќе му бидат потребни за новата сезона, а кои ќе можат да го напуштат клубот.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Уште пред доаѓањето на Алонсо беше јасно дека одредени искусни играчи на кои нема да им биде продолжен договорот ќе го напуштат клубот на лето, а евидентно е дека ќе има и такви што Реал ќе сака да ги продаде што е можно поскоро.
Шпанските медиуми наведуваат дека еден играч е на врвот на таа листа, а станува збор за францускиот дефанзивец Ферланд Менди.
Менди Реал го плати пред шест години дури 50 милиони евра кога пристигна од Лион, и се очекуваше дека тој ќе биде долгорочно решение на позицијата лев бек, но тоа не се случи.
Фото: Grok AI