Дома Фудбал Јамал подготвува спектакуларна прослава за 18. роденден, но ќе биде забранета една работа

Јамал подготвува спектакуларна прослава за 18. роденден, но ќе биде забранета една работа

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Ламине Јамал, во недела го слави својот 18-ти роденден и подготвува спектакуларна забава на Ибица, а сите кои добија покана, добија и јасна порака што никој од нив не смее да прави за време на прославата.

Јамал го фасцинираше фудбалскиот свет со своите игри во дресот на Барселона и репрезентацијата на Шпанија, и веќе две години е на големата сцена, а неверојатно е дека за неколку дена ќе стане полнолетен.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тој во дресот на Барселона дебитираше на само 16 години и со неполни 17 години веќе стана првак на Европа со Шпанија.

Јамал в недела го слави својот 18-ти роденден и како што пишуваат шпанските медиуми, подготвува забава за паметење која ќе се одржи на Ибица.

Првиот дел од одморот Јамал го помина во Италија и Бразил, а пред почетокот на подготовките реши да помине неколку дена на Ибица со семејството.

Токму овој шпански остров ќе биде местото на неговата роденденска забава која без сомнение ќе биде спектакуларна, бидејќи Јамал го празнува своето полнолетство, што се случува само еднаш во животот. Меѓутоа, по неколку скандали врзани за љубовните врски кои го снајдоа во последно време, Јамал одлучи за роденденската забава да воведе посебно правило кое мораат да го почитуваат сите гости.

Сите оние кои добија покана за прославата на 18-тиот роденден на Јамал добија и јасна порака дека е строго забрането користење на мобилни телефони и камери, и дека сите на влезот ќе мора да ги остават своите мобилни телефони или било какви уреди за снимање и фотографирање.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона се засили со талент од Хрватска

Барселона продолжува да инвестира во млади таленти – најновиот член на славниот клуб…