Дома Фудбал Луис Дијас веќе има договор со Баерн, објави “Билд”

Луис Дијас веќе има договор со Баерн, објави “Билд”

Напаѓачот на Ливерпул, Луис Дијас, постигна договор со Баерн Минхен за личните услови, ексклузивно објави “Билд”.

Сега останува да видиме дали неговиот клуб ќе се договори со Германците за трансферната сума.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пред неколку дена, “Скај Спортс” информираше дека Баварците се поврзале со раководството на англискиот шампион, но добиле одговор дека офанзивниот фудбалер не е за продажба.

Барселона е другиот сериозен кандидат за Дијас, особено по неуспехот со Нико Вилијамс.

Луис Дијас е во деликатна положба, откако овие денови го навлече гневот на многу навивачи на Ливерпул против себе. Додека голем дел од неговите соиграчи присуствуваа на погребот на Диого Жота, тој беше снимен на забава во неговата родна земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најавен е еден од најголемите трансфери некогаш: Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Барселона!

Шпанскиот новинар Сиро Лопез вечерва соопшти дека Реал Мадрид во летото 2027 година ќе трг…