Дома Фудбал Прво го избрка од Јунајтед, а сега од Леверкузен: Тен Хаг повторно има „шут-карта“ за ист играч

Прво го избрка од Јунајтед, а сега од Леверкузен: Тен Хаг повторно има „шут-карта“ за ист играч

Ерик тен Хаг не чекаше долго за да ги преземе првите радикални потези како нов тренер на Баер Леверкузен.

Едно од нив е одлуката која носи специфична симболика. Имено, подготвен е да го продаде голманот којшто веќе еднаш го продаде, и тоа од друг клуб.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Холандскиот стратег е решен да се ослободи од Матеј Ковар, голманот којшто го продаде од Манчестер Јунајтед во Леверкузен, а сега ќе го пушти од германскиот клуб по само две сезони.

Ковар во 2023 година пристигна во Леверкузен од Јунајтед за 7,7 милиони фунти, но сега е на излезните врати, и тоа за речиси пола помала цена. Наводно, се работи за сума од околу 3,5 милиони фунти.

Иако потпиша четиригодишен договор и собра 32 настапи во две сезони, 25-годишниот чувар на мрежата не успеа да го зацврсти своето место меѓу стативите, особено по доаѓањето на Марк Флекен од Брентфорд.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…