Дома Фудбал Тотенхем на чекор од големо засилување

Тотенхем на чекор од големо засилување

Тотенхем би можел во наредните денови да го договори најголемиот трансфер ова лето.

Станува збор за доведување на некогашниот фудбалер на Ајакс, а денес на Вест Хем, Мохамед Кудус.

Репрезентативецот на Гана одигра две блескави сезони во дресот на „Чеканите“ и беше на радарот на многу клубови од Премиер лигата, меѓутоа, Кудус сака да оди само во Тотенхем.

„Петлите“ и крилниот напаѓач веќе постигнаа договор околу условите. Кудусу многу му се допаднал проектот на Тотенхем, колку и да звучи тоа лудо, па неговата единствена мoжна дестинација е новиот „Вајт Харт Лејн“.

Не сака да разговара со други екипи, а сега е на Тотенхем да се договорат со Вест Хем околу висината на обесштетувањето кое нема да биде малo.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бивш играч на Баерн од Минхен потпишува за Рома комплетно бесплатно!

Во моментов, Рома нема класичен лев бек, па проблемот може да го реши со ангажирање на Раф…