Дома Фудбал Бомба од „Емирејтс“: Арсенал договори лични услови со ѕвездата на Челси

Бомба од „Емирејтс“: Арсенал договори лични услови со ѕвездата на Челси

Топчиите ги договорија сите лични услови со ѕвездата на Челси и сега се подготвени да започнат преговори со клубот.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Арсенал ги договори сите услови со крилниот фудбалер на Челси, Нони Мадуек.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Откако сè го договорија со играчот и откако тој потврди дека сака трансфер на „Емирејтс“, сега Топчиите ќе започнат преговори со Челси.

Наводно, првата понуда веќе е подготвена за играчот кој пред две и пол години за околу 40 милиони евра пристигна од ПСВ во Челси.

Од тогаш, Мадуек одигра 91 натпревар во дресот на Челси, постигна 20 гола и забележа девет асистенции.

Сето ова го потврди и специјалистот за трансфери, Фабрицио Романо.

“Арсенал е подготвен со првата понуда за Нони Мадуек”, кратко потврди Романо.

Големо е прашањето дали ќе се постигне договор меѓу двата клуба и какви се плановите на Челси со Мадуек.

Арсенал сакаше да ги договори сите лични услови со играчот пред да започне преговори со челниците на Челси и тоа го направија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симеоне останува во Атлетико Мадрид до 2030 година?

Џулијано Симеоне го продолжува договорот со Атлетико Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми…