Интер игра одлично оваа сезона под палката на Спалети, но „нероаѕурите“ сакаат да го засилат тимот и на Апенините тврдат дека веќе е договорено првото засилување.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Сезоната во Кина е веќе завршена, а Интер веќе договорил на позајмица од Жиангсу да пристигне бразилскиот играч за врска, Рамиреш.
Двата клуба имаат еден ист сопственик, „Сунинг“, па кинескиот клуб ќе му го отстапи Рамиреш на „нероаѕурите“ кој уште во декември ќе пристигне во Милано и ќе тренира со тимот.
Рамиреш ќе има право на настап од 1-ви јануари и сигурно ќе биде големо засилување за средниот ред на „нероаѕурите“.
Меѓутоа, „нероаѕурите“ не мислат да застанат тука и следна мета е Хавиер Пасторе. Италијанските медиуми пренесуваат дека може да дојде до размена меѓу Аргентинецот и Жоао Марио, кој не се вклопува во стилот на игра на Спалети.