Дома Фудбал Готово: Ѓекереш на чекор од Арсенал

Готово: Ѓекереш на чекор од Арсенал

Арсенал е се поблиску до голгетерот на Спортинг Лисабон Виктор Ѓокереш.

Според Фабрицио Романо, во последните часови имало многу разговори, по кои англискиот клуб е уверен дека наскоро може да го заврши трансферот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Швеѓанецот веќе целосно се договорил со „топџиите“ и ќе потпише договор до 2030 година. Тој нема намера да преговара со други клубови, ниту пак планира да започне подготовки со својот сегашен клуб.

Спортинг започнува предсезонски подготовки во понеделник, но според „Миррор“ Ѓокереш добил од клубот четири дополнителни дена одмор. Но по тие денови, тој нема да се врати во португалскиот клуб. Надежта на Швеѓанецот е дека дотогаш Арсенал ќе ја финализира зделката, која според CNN Portugalia ќе изнесува 65 милиони евра плус 15 милиони во форма на бонуси.

Арсенал токму што го претстави и Мартин Субименди, а минатата недела го привлече и Кепа Аризабалага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Варди договори шокантен трансфер, но потоа тренерот стопираше сè

Легендата на Премиерлигата, а особено на Лестер Сити, Џејми Варди имаше договорен трансфер…