Дома Фудбал Одличен старт за Бабунски – постигна гол на дебито за Ниреѓихаза

Одличен старт за Бабунски – постигна гол на дебито за Ниреѓихаза

Македонскиот фудбалски интернационалец Доријан Бабунски имаше добар старт во новиот клуб – унгарскиот Ниреѓихаза.

Само еден ден по официјалното потпишување на договорот, тој денеска дебитираше со погодок во контролниот натпревар против хрватската Локомотива Загреб, кој заврши со нерешени 1-1 на подготовките во Словенија.

Бабунски беше прецизен во 65. минута, израмнувајќи го резултатот откако Локомотива претходно стекна предност преку Силвио Горичан.

Фото: Nyíregyháza Spartacus FC

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал не сака да чека: Подготвува нов договор за Раја

Давид Раја има договор до 2028 година, но Арсенал наводно планира разговори за подолга сор…