Дома Фудбал Барселона го сака Думфрис, но не можат да си го дозволат

Барселона го сака Думфрис, но не можат да си го дозволат

Барселона сака да го донесе Дензељ Думфрис, но во моментот не може да си дозволи трансфер на одбранбениот играч на Интер Милано поради своите финансиски ограничувања, известува Мундо Депортиво.

Репрезентативецот на Нидерланд, кој има 29 години, одлично се вклопува во шемата на шпанскиот шампион, но клаузулата за неговото откупување изнесува 25 милиони евра. Оваа сума е превисока за Барса.

Дензељ Думфрис има договор со Интер до крајот на сезоната 2027-2028. Бранителот премина од ПСВ Ајндховен кај “неразурите” во 2021 година. Раководството на Каталонците сака да донесе уште еден голман и крило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бивш играч на Баерн од Минхен потпишува за Рома комплетно бесплатно!

Во моментов, Рома нема класичен лев бек, па проблемот може да го реши со ангажирање на Раф…