Дома Фудбал Почина Питер Руфај (61), легендарниот голман на Нигерија и икона на Панини

Почина Питер Руфај (61), легендарниот голман на Нигерија и икона на Панини

Африканските медиуми вчера информираа дека почина Питер Руфај, една од најпознатите голмански фигури на Нигерија од деведесеттите години.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој имаше 61 година и почина по долга болест, според информациите на EСПН. Руфај се прослави со настапите на Нигерија на Светските првенства во 1994 и 1998 година, кога африканската селекција беше омилена како аутсајдер, а тој стана вистинска икона на Панини.

Претседателот на Фудбалската федерација на Нигерија, Ибрахим Гусао, ја потврди смртта на поранешниот репрезентативен голман и капитен:

“Ова е огромна загуба за нигерискиот фудбал. Го сретнав пред околу една недела, беше видливо ослабен. Кога го прашав дали е се во ред, ми рече дека се е во најдобар ред.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фелипе Луис најде нов ангажман, првпат ќе биде тренер во Европа

Монако имаа тешка сезона зад себе. Едвај обезбедија место за настап во европските купови, …