Дома Фудбал Кобен совет за Диого Жота: Му беше препорачано да не патува со авион

Кобен совет за Диого Жота: Му беше препорачано да не патува со авион

Фудбалерот на Ливерпул доби кобен совет.

“Диого Жота патуваше со автомобил со својот брат затоа што му беше препорачано да не користи авион по операцијата на плуќното крило што ја имаше,” објавуваат медиумите во Португалија и Англија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Диого и брат му Андре планираа да пловат до Англија и затоа тргнаа со автомобил кон Сантандер, а потоа по преноќевањето натаму за Бенавенте, каде што требаше да се качат на фериботот кон Островот,” стои во извештајот на CNN.

Португалскиот интернационалец претрпе непријатна повреда на ребрата за време на сезоната и паузата меѓу двата шампионати ја искористи не само за одмор и свадба, туку и за рутинска операција на плуќното крило што беше благо оштетено поради удар. Поради тоа, како што објавуваат португалските медиуми, му било препорачано да не користи авионски превоз поради разликата во притисокот и можните компликации.

Браќата Диого и Андре тргнаа со автомобил на пат и малку потоа се случи трагична несреќа во која двајцата загинаа. На нивниот автомобил му експлодираше гума при обид за претекнување на патот, тие ја изгубија контролата над возилото кое се преврте и се запали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во судирот меѓу аргентински и чилеански навивачи 19 повредени 3 мртви

Невидено насилство го одбележа натпреварот во Буенос Аирес помеѓу Индепендиенте и Универси…