Дома Фудбал Најдобриот стрелец во Серија А прави трансфер од 60 милиони евра?

Најдобриот стрелец во Серија А прави трансфер од 60 милиони евра?

Саудиските клубови комплетно го изместија пазарот на фудбалските трансфери, така што не е изненадувачки што четвртопласираниот тим од нивната Про лига е подготвен да потроши дури 60.000.000 евра за третата опција за засилување во нападот.

Имено, Ал Кадисија по брзиот влез во елитниот ранг се најде меѓу првите четири во земјата благодарение на големите инвестиции. Во тимот се наоѓаат и Пјер-Емерик Обамејанг и Начо Фернандес, а се истакнува дека летово планираат да продолжат со големи трошоци.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Прва цел е напаѓач, при што се споменуваа имињата на Џонатан Дејвид и Мојс Кин, но сега фокусот е на 26-годишниот играч на Аталанта, Матео Ретеги, кој зад себе има извонредна сезона.

Играчот на Италија, роден во Аргентина, постигна 25 гола во 36 настапи во Серија А и за само една година целосно ги оправда 20.000.000 евра вложени за неговото пристигнување од Ѓенова.

Сега се вели дека Аталанта е подготвена да го ослободи Ретеги по само една сезона. Претходните недели се зборуваше за интерес од најголемите италијански клубови, меѓу кои предничи Милан, но Ал Кадисија подготви понуда вредна 60.000.000 евра, која тешко кој италијански клуб може да ја надмине.

Аталанта нема потреба од брзање, има строго дефиниран договор со Ретеги до летото 2028 година, и ќе може да реши што да прави со италијанскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ги остави проблемите зад себе и го совлада Реал и покрај херојските потези на Куртоа

Ливерпул одигра силен меч и покажа дека можеби го надминува тешкиот период, откако го побе…