
Рандал Коло Муани беше на позајмица во Јувентус каде што навистина се истакна со одлични настапи. По елиминацијата на “Старата дама” од Светското клупско првенство, договорот за позајмица истече, но преговорите сега се обновуваат.
Коло Муани се пресели во Јувентус на позајмица во јануари што важеше до крајот на сезоната 2024-25.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Бјанконерите се договорија со ПСЖ за продолжување на позајмицата до завршувањето на Светското клупско првенство, за нив завршено со поразот од Реал Мадрид со 1:0 во вторник навечер.
Во моменталната состојба, Коло Муани останува играч во сопственост на ПСЖ и има договор до летото 2028 година.
Старата дама и понатаму сака да го врати Коло Муани во Торино, откако постигна осум голови во 16 настапи во Серија А во втората половина од минатата сезона.
Според извештаите на Џанлука Ди Марцио, Јувентус работи на враќање на Коло Муани на Алијанц стадионот со позајмица и опција за купување, но ПСЖ во моментов не изгледа дека дека ќе ја прифати оваа понуда.
ПСЖ би сакал трајна продажба на Коло Муани, или позајмица со обврска за откуп.
#Calciomercato | La #Juventus sta spingendo con il #Psg per #KoloMuani: si lavora per un prestito con diritto di riscatto. Al momento i francesi non hanno aperto a questa soluzione @SkySport
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 2, 2025
Јувентус, сепак, обезбеди нов централен напаѓач – Џонатан Дејвид.
Очекувано е дека ќе ги заврши лекарските прегледи до крајот на неделата и ќе потпише договор како слободен играч.
Тој доаѓа од Лил, кој пред неколку вечери го претстави Оливие Жиру како своето ново засилување.