Дома Фудбал Флик му порача да бара нов клуб, па се шокираше кога му рекоа што се случува во тренинг центарот

Флик му порача да бара нов клуб, па се шокираше кога му рекоа што се случува во тренинг центарот

Барселона минатата сезона освои дури три трофеи и единственото место каде каталонскиот клуб не успеа да дојде до самиот крај беше Лигата на шампионите.

Флик успеа да го препороди тимот на Барселона и да направи одлична работа, но јасно е дека во новата сезона пред него ќе биде уште поголем предизвик, а тоа е да продолжи со одличните резултати.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Јасно е дека Флик ќе добие неколку засилувања ова лето, а исто така германскиот стручњак веќе одлучи кои играчи повеќе нема да му бидат потребни затоа што им на крајот на мај и официјално им соопшти дека можат да бараат нов клуб.

На листата на „отпишаните“ се најде и данскиот репрезентативец Андреа Кристенсен кој скоро целата мината сезона ја пропушти поради повреда и не успеа да се покаже во најдобро светло, а тоа го искористија останатите дефанзивци.

Флик смета дека има премногу стопери во тимот и дека еден од нив може да си оди, па изборот падна токму на Кристенсен.

Сепак, Данецот не сака така лесно да се откаже и верува дека за него има место во тимот на Барселона, па е подготвен да направи сè за да се докаже на Флик за време на подготовките за новата сезона.

Шпанските медиуми пишуваат дека Кристенсен дури го скратил летниот одмор и порано од планираното се вратил во Барселона и се појавил во тренинг центарот што ги изненади тренерскиот персонал на каталонскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oд него заработија 144 милиони евра, а не му се ни заблагодарија: Еве како Њукасл се збогуваше од Исак

Повеќемесечната сага околу Александер Исак заврши вчера кога тој премина од Њукасл во Ливе…