Дома Фудбал Останато Дополнителна мотивација за Даниела: Мекгрегор навива за противничката на Алексовска (Фото)

Дополнителна мотивација за Даниела: Мекгрегор навива за противничката на Алексовска (Фото)

Овој петок, на 4 јули, во српскиот град Бачка Паланка ќе се одржи престижниот ММА спектакл ARMMADA 13, а особено внимание кај македонската јавност привлекува настапот на нашата европска шампионка во ММА, Даниела Алексовска. Таа ќе го има своето прво полупрофесионално појавување во кафезот, со што започнува ново поглавје во својата боречка кариера.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Противничка на Алексовска ќе биде исклучително искусната Ева Круз од Ирска, која зад себе има 13 борби во категоријата до 52,2 килограми. Мечот ветува вистински борбен спектакл, со оглед на искуството на Круз и мотивацијата на Алексовска да се докаже и на ова ниво.

„Горда сум што ќе ја претставувам Македонија на ова ниво. Не ме загрижува кој стои зад мојата противничка – јас знам кој стои зад мене,“ изјави Алексовска.

Мечот ќе биде пренесуван во живо на Arena Fight каналите, почнувајќи од 21:00 часот.

Фото: МКДММА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рекорден интерес за 50 години ’Македонски бисер’: Традицијата што создава шампиони ги обединува најдобрите борачи во Радовиш

Како што се приближува 30 мај, интересот за меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер…