Дома Фудбал Тебас предизвика „земјотрес“ во Шпанија: Барселона останува без договореното засилување!?

Тебас предизвика „земјотрес“ во Шпанија: Барселона останува без договореното засилување!?

Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, изјави дека во моментов Барселона нема финансиска можност да го регистрира репрезентативецот на Шпанија и член на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Во моментот, Барселона не може да го регистрира Нико Вилијамс. Состојбата е јасна – мораат да ги подобрат своите финансии за да може да се размислува за нови засилувања“, изјави Тебас за шпанските медиуми.

Барселона веќе подолго време се соочува со проблеми поврзани со финансискиот фер-плеј, што сериозно ги ограничува нивните можности на трансфер-пазарот. Иако интересот за Вилијамс не е тајна, клубот најпрво ќе мора да го стабилизира буџетот и да ослободи простор во платниот список пред да размислува за официјална понуда.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик донесе непопуларна одлука, бековски пар ќе ја полни касата?

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, имаше внатрешни разговори со играчите кои би можеле да …