Дома Фудбал Познати се сите учесници во четвртфиналето на Светското клупско првенство: Нè очекува големо дерби

Познати се сите учесници во четвртфиналето на Светското клупско првенство: Нè очекува големо дерби

Познати се сите учесници во четвртфиналето на Светското клупско првенство на ФИФА, а во борбата за трофејот на Светскиот клупски шампион се: Флуминенсе, Палмеирас, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид, ПСЖ, Баерн, Челзи и Ал Хилал.

Четвртфиналните натпревари се закажани за 4 и 5 јули.

Првиот натпревар ќе се игра помеѓу Флуминенсе и Ал Хилал во петок во 21 часот по средноевропско време, а Палмеирас и Челзи ќе се сретнат во ноќта од петок кон сабота во 3 часот наутро.

Победниците од овие натпревари ќе се сретнат во полуфиналето.

Истиот ден, ПСЖ – Баерн (18 часот) и Реал Мадрид – Борусија Дортмунд (22 часот), по што ќе го добиеме вториот полуфинален пар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За првпат во историјата прволигашите ќе имаат делегати во Собранието на ФФМ!

Во „Куќа на фудбалот“, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ одржа работен состанок со прет…