Дома Фудбал Oфицијално: Ансу Фати има нов клуб!

Oфицијално: Ансу Фати има нов клуб!

Ансу Фати, некогашното чудо на Барселона, ќе ја продолжи својата кариера следната сезона во Монако, но на позајмица.

Клубот од Монте Карло постигна договор со Барселона за едногодишна позајмица, по која има можност да го откупи договорот на 23-годишниот напаѓач.

Доколку се одлучат на ваков чекор, Монако ќе треба да плати 11 милиони евра за Фати.

Фати во претходната деценија поставуваше рекорди, станувајќи најмладиот стрелец на Барса во Ла Лига и најмладиот голгетер во Лигата на Шампиони. Сепак, не успеа да ги исполни највисоките очекувања кои му се припишуваа.

Во сенка на Ламина Јамал и Рафиња, Фати одигра само шест натпревари во минатата сезона.

Монако неодамна се засили и со уште едно големо име, Пол Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден гол во осум натпревари, сега се огласи Анчелоти: Реал има проблем што повеќе не може да се скрие

Винисиус Жуниор игра очајно на почетокот на новата сезона. Еден гол во осум натпревари за …