
Раководството на Баерн од Минхен веќе неколку недели безуспешно се обидува да ангажира крилен напаѓач.
Венсан Компани побара од управата да му биде обезбеден левокрилен фудбалер, но желбите не се исполнуваат лесно. Иако станува збор за еден од најголемите клубови на светот, досега голем број играчи не ги привлекува проектот на „Баварците“, па така повеќе избираат други опции.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Конкретно, не успеаја да го убедат Бредли Баркола да дојде на „Алијанц арена“ каде што би имал многу повеќе минути споредено со Пари Сен Жермен. Французинот е поблиску до останување и нов договор со европскиот шампион. Потоа се насочија кон Нико Вилијамс, но кога Шпанецот дозна дека постои можност да потпише за Барселона, се’ пропадна.
Затоа сега новиот избор на Баерн е Луис Дијаз. Многу се зборуваше за Колумбиецот во последно време иако тој има договор со Ливерпул до 2027 година. Истакнуваше дека му е пријатно на „Енфилд“ и дека нема некакви намери да замине иако имаше покана од Барселона.
Раководството на шампионот на Англија нема намера да го продаде еден од своите витални играчи, но во случај на астрономска понуда, нема да се противат. При тоа, и тие гледаат на пазарот за потенцијален крилен напаѓач иако на истата позиција го имаат Коди Гакпо кој исто така се поврзуваше со Баерн по завршувањето на сезоната низ Европа.